еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи: Денешното усвојување на Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот, објави денеска на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија, туку се ставени (дел од нив и во заграда), како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија, наведува шефот на дипломатијата во објавата.

Тој посочува дека денешното усвојување на резолуцијата во бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.

– Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот, внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени.

Оттука ние само можеме да се заблагодариме на француското претседателство, но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање, додава Османи во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Време е Македонците да го стават проблемот со Бугарија и Франција пред Советот на Европа и ООН

Макрон: Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања, со „Северномакедонците“ ќе разговараме следните часови

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела регистрирани 196 ковид случаи, преку Мој термин пријавени осум починати

Редакција

„Вечерњи лист“: Бугарија го користи членството во ЕУ за негирање на македонскиот идентитет

Редакција

Османи да дели пасоши на шалтерот во МРТВ, а не во Минхен

Редакција