еМагазин
Image default
Македонија

Османи во Брисел на состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој се поканети и шефовите на дипломатиите од западнобалканските земји, информираат од Министерството за надворешни работи.

Стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина ќе бидат двете централни теми за кои ќе се разговара на овој состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

– Советот прво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, информираат од Министерството за надворешни работи.

На маргини на состанокот, министерот Османи ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има војна 51% од македонските граѓани не би се бореле за Македонија

Редакција

Собраниската седница за „францускиот предлог“ ќе се одржи в четврток, предвидено е обраќање на Урсула фон дер Лајен

Редакција

Вкупно 1.539: Нови 13 случаи на заболени од коронавирусот

Редакција