еМагазин
Image default
Македонија

Осуда за злоупотребата на ученици во Гостивар за поддршка на офанзивата во Сирија

Инспекциски надзор најави Министерството за образование и наука откако во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар учениците и наставниот кадар со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија.

Од МОН го осудија овој чин со образложение дека вакви политички испади се неприфатливи во образованието.

„Законската регулатива отсекогаш го забранувала политичкото организирање и дејствување во училиштата кое соодветно се санкционира.

Во тој контекст и согласно пласираните информации во јавноста, Министерството за образование и наука ги осудува активностите кои биле организирани во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар и во кои учествувале ученици, а преку кои била испратена политичка порака за поддршка на воени акции на одредена држава“, се вели во соопштението.

МОН ги повика училиштата да спречуваат организирање на какви било активности кои имаат политичка позадина и испраќаат политичка порака.

Во четвртокот на Фејсбук профилот на ова училиште се појави фотографија на која ученици заедно со наставниците стојат под турско знамe и упатуваат војнички поздрав за поддршка на турското воено движење, што несомнено алудира на турската воена офанзива во Сирија.

Фото: Фејсбук/Мустафа Кемал Ататурк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија Бугарија ќе прати амбасадор од заедничката историска Комисија

Редакција

Вакцинирањето во Охрид ќе се одвива во салата „Билјанини извори“

Редакција

Новото политичко движење на Изет Меџити ќе се формира на 13. август

Редакција