Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција нема барање за приведување или вршење претрес во домови на политичари и други лица, изјави обвинителката Вилма Русковскана прес-конференцијата во ЈОРМ во врска со шпекулациите дека освен специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се приведени и двајца политичари.
– Доколку има тоа е можеби по барање на друго обвинителство, а не на нашето, и не е поврзано со овој случај, наведе Русковска.
И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека нема други приведувања во врска со случајот за кој е осомничена специјалната обвинителка Катица Јанева.
Обвинителството засега ја прошири истрагата за „Рекет“ со Јанева, која е осомничена за злоупотреба на злужбената положба и овластувања заради стекнување лична корист, покрај претходно осомничените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец кои се во притвор повеќе од еден месец.
Од Обвинителството истакнуваат дека обезбедените докази потврдуваат оти се работи исклучиво за кривично-правен настан и затоа, како што велат, случајот не треба да се политизира или пак да се поврзува со учество и на лица од други држави.
– Нагласуваме дека нема ниту една индиција дека незаконски прибавените средства завршиле кај домашни или странски политичари, кажаа од Јавното обвинителство, и потенцираа дека само информациите добиени официјално од Јавното обвинителство за овој случај се целосни и веродостојни.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: За што е осомничена Катица Јанева и со какви докази докази располага Обвинителството
Видео од приведувањето на Катица Јанева
Јанева се стекнала со имотна корист од 298.000 денари
Има несоборливи докази, Обвинителството бара притвор за Јанева