еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јотова во битолско Цапари се поклони пред паднатите бугарски војници, кои загинале „за бугарскиот идеал за обединување“

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова вчера присуствуваше на воено-црковен ритуал на гробиштата во битолското село Цапари, каде се погребани 214 бугарски војници, кои загинале за време на Првата светска војна.

„Војниците загинале херојски за мајка Бугарија во борбите за бугарскиот идеал за обединување“, рече меѓудругото Јотова во своето обраќањето.

„Балканските народи имаат тешка, но многу заедничка историја. Колку подобро се познаваме, толку подобро ќе живееме во мир и со разбирање“, рече таа и се заблагорари на сите кои воделе грижа за гробиштата.

На церемонијата беше и поранешниот бугарски претседател Георги Парванов, кој меѓудругото посочи дека војниците загинале „за ослободување на народот и за обединувањето на Бугарија“.

Јотова дојде во Битола на денот кога градот го слави ослободувањето од германско-бугарскиот фашистички окупатор, а како што пренесува бугарската агенција Бгнес, таа при нејзината посета посочила и дека Битола е центарот на бугарската ренесанса.

„Битола е посебно место. Нема шанса, додека шетате низ градот, да нѐ ве допре нешто.Тука се случува самоопределувањето и суверенитетот на новата бугарска држава. Пред само еден месец бевме заедно на гости кај Бугарите во Хрватска.

Сакам да ви кажам еден факт. Во едно мало село каде Штросмаер работел долги години, во мал музеј, под стакло, се чува неверојатна реткост: оригиналот на бугарските народни песни на браќата Миладиновци.

Никој таму не ни помислува да ги нарече овие песни македонски, како што видов овде, во РС Македонија, а на наше најголемо чудење. Ако си го поставиме прашањето што точно споделуваме, ретко кој може да даде суштински и смислен одговор. Тоа се големи личности во овој дел од Европа, сè уште во ерата на ропството. За жал, од некои не сме разбрани”, изјавила Јотова.

Таа присуствуваше и на отворањето на изложба „125 години бугарско дипломатско претставување во Битола“ и на промоција на книгата „Досието ‘Галичица’ и скршената судбина на Панде Ефтимов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова дошла за Задушница, новинарите ја прашаа дали ќе оди и во Солун да чествува за загинатите бугарски војници таму

Фото: Кабинет на Јотова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санкциите наместо на Русија им нанесуваат штети на земјите што ги воведуваат, вели Путин

Редакција

Најлошото сценарио е тотална војна на Блискиот Исток

Редакција

Луксузниот хотел Лимак ја одбележува двегодишнината од отворањето со највисоки оценки за квалитетот на услугата

Редакција