еМагазин
Image default
Македонија

Отстранет проблемот со алармот во Кривичниот суд

Отстранет е проблемот со алармниот систем во Кривичниот суд поради што беше пролонгиран почетокот на судењата за „27 април“ и за „Монструм“.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје, соопшти дека во утринските часови во новата зграда на судот беше пријавен проблем со алармниот систем за кој по извршена проверка се утврди дека се работи за технички проблем кој за помалку од 20 минути беше остранет.

– Заради проверка на системот судењата за предметот поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието на Македонија, како и судењето за предметот од обвинителството означен како „Монструм“ кои беа насрочени во 10:00 часот започнаа со задоцнување за кое странките беа благовремено известени, а судењата во овој момент се одвиваат без никакви проблеми, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Поради вклучувањето на алармот, привремено беше прекинато снабдувањето со струја во судот, а вработените, обвинети и нивните бранители, како и новинарските екипи кои беа дојдени да ги следат рочиштата, чекаа пред судската зграда да се отстрани проблемот.

На влезовите во Кривичниот суд беа залепени известувања дека поради технички проблеми судењата се одложени по 11 часот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вклучен аларм ги одложи судењата за „27 април“ и за „Монструм“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 24 лица од Ковид-19, вкупно 1.305

Редакција

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани, 36.424 примиле трета доза

Редакција

Косово не одговара на барањата на Македонија за екстрадиција на обвинетите за „Монструм“, Демири и Исмаиловиќ

Редакција