Македонија2025 го објави отворениот повик за стипендии за учество на второто издание на Охрид камп за високо-технолошка извонредност, кој ќе се одржи од 09 до 16 јули 2022 година во Охрид.
Охрид кампот е еднонеделна програма која комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства во областа на кодирање и роботика.
Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работа во парови/групи).
Програмата се фокусира на современи, високо ефективни методи на настава и учење и е испорачана од сертифицирани СТЕМ предавачи.
„Основна цел на програмата е младите (од 11-15 години) да ги унапредат своите вештини за роботика и кодирање, а покрај тоа, да обезбеди можност за младите македонци од земјата и дијаспората да создаваат мрежи, да воспоставуваат пријателства, да ја зајакнат и да ја градат македонската култура.
Kампот, како и минатата година, е под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски.
Наши досегашни партнери и поддржувачи се: Американската Амбасада во Северна Македонија, МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, Young Engineers, Brainster, iSourse, Охридско лето, Алкалоид и индивидуалци кои ја поддржуваат нашата мисија.
Повеќе за програмата, критериумите за аплицирање и споделените искуства на учесници од минатат година може да најдете на следниот линк: macedonia2025.com,“ се вели во соопштението.
Краен рок за поднесување на апликациите е 5. мај 2022 година.