еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Јована Тренчевска, новата министерка за труд и социјална политика

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

Која е Јована Тренчевска

Јована Тренчевска е новата министерка за труд и социјална политика, која од 2020 година е в.д. директорка на Државниот инспекторат за труд.

Тренчевска е родена во Струмица.

Таа е дипломиран социолог, која своето обрзование го стекнала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Дипломирала во 1994 година, а во 2012 година се стекнала со звање магистер по социолошки науки на истиот Универзитет, на Институтот за социологија.

Знае англиски јазик, посетувала повеќе обуки и е коавтор на повеќе публикации и анализи, стои во нејзината биографија.

Професионална и политичка кариера

Од 2018 до 2020 беше државна секретарка во Министерство за труд и социјална, а во 2018 година беше раководителка на Одделението за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности при Министерство за труд и социјална политика.

Од 2003 до 2018 година ја извршуваше функцијата советничка за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности при Министерство за труд и социјална политика.

Од 2000 до 2003 беше координаторка на ресурсен центар за унапредување на родовата еднаквост, Организација на жени Струмица, програма на Македонски центар за меѓународна соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Адмирим Алити, новиот министер за информатичко општество и администрација

Која е Славица Грковска, новата вицепремиeрка за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси 

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова IQOS зона во Bliss Mall Битола

Редакција

Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Редакција

Белери, кој ги скара Албанија и Грција останува во затвор, ќе го пуштат да даде заклетва за европратеник

Редакција