еМагазин
Image default
Техно

Паметни адвокати, дали сте еден од нив!

Многу брзо, главната поделба на адвокатите нема да биде на мали или големи канцеларии – туку на паметни адвокати и оние кои не успеале навреме да се приспособат на промените на дигиталното време. Стручноста и професионалноста на еден адвокат секогаш ќе биде важна, но нивната способност брзо и ефикасно да ги реализираат процесите се повеќе ќе доаѓа до израз.

Тоа е така бидејќи модерните потреби бараат модерни и иновативни решенија!

Едно од решенијата кои го овозможува токму тоа е платформата „Е-Адвокат“ на македонската компанија Markant Software. Се работи за cloud базирано решение за комплетно водење на адвокатска канцеларија.

Тоа овозможува олеснување на работата, поголема ефикасност и прегледност, заштита на податоците, со што влијае кон подигање на нивото на работа, ја намалува папирологијата и резултира во помалку административна работа.

Со “Е-Адвокат” секој адвокат, се прилагодува на новото време, станува конкурентен и добива можност да одбере како да го приоретизира времето наместо со часови да се задржува на едноставните работи кои можат да бидат извршени дигитално.

Независно дали сте адвокат, маркетинг експерт, водите забна ординација, сметководствено биро, или во било која друга професија потребата од дигитализација и адаптација кон новото време е неминовна.

Денес клиентите имаат многу покомплексни потреби од порано. Имаат потреба некој да покаже разбирање и почит за нивните проблеми и брзо да предложи решение.

Денес повеќе од било кога порано извршување на секојдневните обврски и процеси на најефикасниот начин е еден од темелите за успех во деловниот свет. Од адвокатите се бара многу повеќе. Тие да бидат партнери на своите клиенти, инволвирани во нивното работење, да бидат организирани со брз пристап до сите информации, случаи и закони.

Модернизацијата им помага на адвокатите и адвокатските канцеларии да ја зголемат нивната ефикасност, а поголемата ефикасност потоа се претвора и во поголем профит.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Два тима победници на Фин Хакатонот: Ќе развиваат апликација, видео и игра за буџетот

Редакција

(Видео) К-Поп сензацијата Blackpink го „освои“ TikTok

Редакција

(ВИДЕО) Роверот „Истрајност“ на НАСА слета на Марс, ова се првите фотографии

Редакција