Микробиологот Никола Пановски на Фејсбук пишува дека природниот имунитет стекнат со прележување на Ковид-19 е посилен од вештачкиот, па бара да им се дадат шест месеци на прележаните за да се вакцинират.
“Вакцините против Ковид-19 спасуваат животи. Треба да се почитуваат и да се даваат на лица на кои им се потребни. Лично сум од групата на вакцинирани во март, не сум прележал Ковид-19, но жестоко се борам за правата на прележаните.
На прележаните од Ковид-19 треба да им се даде рок од најмалку 6 месеци за да се вакцинираат.
Во меѓувреме треба да се вакцинираат оние кои немаат заштита, па и оние со трета доза кои се вакцинирани во фебруари и март, меѓу кои се и здравствените работници.
Дека природниот имунитет е посилен од вештачкиот гледаме секојдневно, ние во лаборатории, матичните лекари, инфектолозите, итн, а секој ден гледаме дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини како Фајзер, ја губат заштитата.
Се уште не е направена штетата, дајте им на прележаните рок од барем 6 месеци да се вакцинираат.
До кога ќе молчите колеги, 45 дена мерка нема никаде во светот, не е точно дека е препорака од СЗО, тие само велат дека месец дена минимум треба да помине.
Во прилог е еден труд кој кажува дека прележаните 13 пати поретко се инфицираат од комплетно вакцинираните со две дози Фајзер“, пишува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ