еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пановски: Во декември се намали бројот на издадени рецепти за антиобиотици, заштедија и граѓаните и државата

Микробиологот Никола Пановски кој воедно е и претседател на Комисијата за контрола на антимикробна резистенција (АМР) на Македонија информираше дека бројот на реализирани рецепти преку Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) на азитромицин (Сумамед) е намален за 48.000, а на цефиксим (Панцеф) за 10.000 во декември во однос на ноември 2020.

„Број на реализирани рецепти на азитромицин: септември 18.618, пропишани на 11.963 осигуреници, октомври 42.414, за 25.570 осигуреници, ноември 70.115 рецепти, 41.055 осигуреници и декември 22.575 рецепти за 14.656 осигуреници.

Ништо страшно не се случи со практикување на медицина базирана на докази, напротив, пациентите се заштитени од непотребно давање на антибиотици, од двојни токсични дози на азитромицин.

Според пресметките на ФЗОМ, само за декември заштедени се околу 200.000 евра од азитро и цефиксим. Најмалку уште толку останале во џебот на граѓаните кои инаку би ги купиле овие лекови.

Благодарност до м-р Кристина Христова и нејзиниот тим од ФЗОМ, до сите колеги и пријатели за поддршката, до Фејсбук, печатените и електронските медиуми. Задоволен сум зошто ова е доказ дека некои крупни работи можат да се постигнат и без помош на МЗ, ЛКМ, МЛД, бројни специјалистички здруженија, на кои им благодарам што иако не помогнаа, не одмогнаа,“ напиша Пановски на Фејсбук.

Инаку тој пред Нова година предупреди на прекумерното и непотребно препишување на антибиотици од страна на матичните лекари во лечењето на пациентите болни од Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски цитираше упатство од „Сумамед“ за да алармира на прекумерната употреба на антибиотици за лекување Ковид-19

Пановски за употребата на антибиотици во време на Ковид-19: Немајќи протоколи се предлагаат и непотребни лекови

Здравствените власти ќе постапуваат по укажувањето на Пановски дека антибиотиците се употребуваат неконтролирано

Пановски со апел до здравствените власти: „Ве молам под итно преведете протоколи за Ковид-19, волку лекови одеднаш ни здрав атлета нe би издржал“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: До 19 часот излезноста 45,77 проценти

Редакција

ЕЛЕМ за синот на Мира Дизел: Кандидатот ги исполнува условите

Редакција

Што се (не)знаеме за Ковид-19: И по прележан коронавирус, антителата по два месеци може да бидат 2

Редакција