На прашањето на „еМагазин“, дали во услови на високи ковид-бројки и лесна преносливост на делта варијантата учениците треба да се вратат на училиште, микробиологот Никола Пановски вели дека одлуката е тешка, има и за и против.
„Имено, во услови на мирна состојба, без никаква контрола на границите, со овозможување на свадби, прослави и концерти, дури и во затворен простор, се дозволи брзо ширење на оваа варијанта, иако се знаеше дека не чека попис, избори и најважно, почеток на учебната година.
Сега им е тешко да кажат заради свадбите, кои траеа до 16.08, нема да ги отвориме училиштата. Јас лично би почнал со комбиниран модел, во смени на две недели,“ вели Пановски за „еМагазин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Пановски за СП: Вакциниран граѓанин со една доза е исто како невакциниран