еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Партнерот на Каили вели дека тој е виновен и бара таа да биде ослободена за да се грижи за нивната 22-месечна ќерка

Грчката европратеничка Ева Каили и сега веќе поранешна потпретседателка на Европскиот парламент, останува топ тема во грчките медиуми, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гркинката Ева Каили, потпретседателката на Европскиот параламент, која е уапсена за корупција и перење пари

Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел

Грчките медиуми пренесуваат дека Франческо Џорџи, партнерот на Каили, која е притворена во Брисел поради мега скандалот поврзан со корупција, поткуп и злосторничко здружување, наводно признал дека тој бил поткупениот и ги повикал белгиските власти да ја ослободат Каили.

Според италијанските медиуми, 35-годишниот Џорџи, кој исто така е уапсен, на инспекторите им признал дека: „направив се за пари што не ми требаа“.

Според судските документи објавени од белгискиот весник Ле Соар и италијанската Ла Република, тој признал дека бил дел од организација што ја користеле Мароко и Катар со цел да влијаат на односите на двете земји со Европа.

„Ќе направам се што е можно за мојата партнерка да биде ослободена и да може да се грижи за нашата 22-месечна ќерка“, наводно им рекол тој на истражителите.

Партнерот на Каили во неговото испрашување тврдел дека поранешниот италијански европратеник Пјер Антонио Панчери е мозокот на овој скандал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Разрешната потпретседателка на ЕП, Каили негира вмешнаност во скандалот, белгиската полиција објави фотографија со куп пари

На Ева Каили, суспендираната потпретседателката на Европскиот парламент и членови на нејзиното семејство им го замрзнаа имотот

Кој се освен Гркинката Ева Каили е уапсен во скандалот со корупција во Брисел поврзан со Катар

Фото: Каили/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Артан Груби, старо-новиот вицепремиер и министер

Редакција

Почина осуденик во затворот во Шутка

Редакција

Поради случајот со родилката од Дебар, разрешен Мухамед Асани, директорот на струшката болница

Редакција