еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање

Претседателот Стево Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенција за разузнавање, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.

Претседателот Пендаровски во наредните денови ќе назначи и свои членови во националниот Совет за безбедност.

Советот за безбедност го сочинуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите кои раководат со органите на државната управа од областа на безбедноста, одбраната и надворешните работи, како и тројца членови назначени од шефот на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Кој се биде дел од кабинетот на претседателот Пендаровски?

Пендаровски ветува: Нема да барам претседателска пензија по завршување на мандатот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Палевски го спори денот на убиството на Жежовски, во Турција отишол за да земе и доказ дека Гоце Делчев го убиле врховистите

Редакција

„Аџибадем Систина“ и „Ремедика“ ќе испратат на испомош лекари за ковид-пациенти во Заводот за рехабилитација, од клиниката Жан Митрев дел од кадарот бил на боледување

Редакција

Откако ќе се расчисти инцидентот со косовската претседателка, МНР ќе одговори на протесната нота од Косово

Редакција