Претседателот Стево Пендаровски за 24 анализа на ТВ 24 изјави дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди во Брисел на Самитот на ЕУ-Западен Балкан ако ситуацијата се одвива како и до сега, односно сме во ситуација како што на пример било завчера кога бугарските претставници на состанокот на Комитетот на постојани претставници во ЕУ испорачале пет нови барања за францускиот предлог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог
„Јас го советувам да не оди. Мојот совет е ако вака се одвиваат работите, ако Бугарите само вчера доставија пет нови барања … Што ќе правиш во Брисел? Само да се сликаш?“, рече Пендаровски.
Коментирајќи го тоа што премиерот се координира за одењето на Самитот со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, Пендаровски рече и дека „не го бендисува“ тоа што ваква координација се прави во рамки на „Отворен Балкан“, бидејќи тоа е економска иницијатива.
Ние, вели Пендаровски, треба да донесеме наша, автономна државна одлука дали да одиме или не.
Одлуката дали Ковачевски, Рама и Вучиќ ќе одат во Брисел ќе биде соопштена денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада