Заедничкиот кандидатот за претседател на владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, денеска изјави дека работата со неговото следење е завршена и дека не забележал дали сѐ уште бил следен.
„Таа работа е завршена. Поднесов пријава и целата работа е кај МВР. Има истрага и тие знаат како понатаму. Не сакам да коментирам понатаму за да не им ставам на товар повеќе работи. Тоа е непријатно чувство, но не значи дека е безбедносна закана по мојот интегритет“, изјави Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: Пендаровски не го следат странски служби
„Пендаровски збори, позади бина жолто комбе!!! МВР алооо„: Твитер „прегреа„
Фото: Фејсбук/Пендаровски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.