еМагазин
Image default
Македонија

Пет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко

Пет нови случаи на корона вирусот се регистрирани во Тиквешко во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за тројца мажи и две жени, на возраст од 33 до 50 години. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Три од лицата се од Кавадарци, a имале симптоми по контакт со член на семејството кој бил претходно позитивен на Ковид-19.

Двете други лица, од Неготино и Росоман, не знаеле каде се заразиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајрактаров: Ковид-19 донесе и пандемија на ментални болести, не очекува „совршена бура“ од ризици

(Видео) Успешно излекуван 61-годишен беровчанец тешко заболен од Ковид-19

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На токсикологија завршиле 10 лица за новогодишната ноќ, од нив 5 девојки

Редакција

Намалување од 4,2%: За една недела 6.463 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа од БЕСА, се заканува со уривање на Владата

Редакција