еМагазин
Image default
Македонија

Петар Богојески немал бугарски пасош: Каракачанов веќе ја преминува црвената линија

Петар Богојески од Македониски концепт ги отфрла лажните наводи и невистини изнесени од  бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека Богојески има бугарски пасош, реагира Богојески.

„Каракачанов веќе ја преминува црвената линија. Со овие удбашки методи на црнење на моето име ништо нема да постигнеш, напротив уште повеќе ме мотивираш да ве направам турска туршија или да ве растурам како бугарска скупштина”, стои во реакцијата на Богојески.

“Нападот против Богојески започна со лаги дека е кадар на Каракачанов во Македонија и дека е финансиран токму од него, потоа продолжи со невистини дека Каракачанов го школувал Богојески во Бугарија и му давал стипендија, па повторно лаги за фиктивна средба на Пироска 5 и престој на Петар Богојески во апартманите на Каракачанов, лаги и манипулации дека има бугарски пасош уште од 2002 година, за да денес дознаеме од истиот Каракачанов дека Богојески има пасош на Обориште“, стои во реакцијата.

Богојески го повика Каракачанов да потврди дека навистина е тој споменатото лице Петар Богојески, и во тој случај ако се потврди за точно да му додели бугарски пасош по брза постапка, во спротивно ќе отпочне судска постапка каде Каракачанов ќе треба да ги докаже сите лаги и клевети изнесени за Богојески.

„Ако ми дадеш пасош следните денови и ме внесеш во избирачки список, за жал нема да гладам за ниту една болшевичка опција во која за жал си и ти, а ќе гласам за вистински европски политичари во Бугарија, кои знаат што значи проширување на ЕУ на Балкан”, заклучува Богојески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту еден од посочените функционери на ВМРО- ДПМНЕ нема бугарски пасош, реагираат од партијата за објавата на Каракачанов

Каракачанов објави листа на Македонци со бугарски пасош

Фото: Фејсбук/Богојески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускоска ја потврди веродостојноста само на првата страна од записникот за сведочењето на Камчев, кој заврши во медиумите

Редакција

Бугарија во понеделник ќе ги отвори границите за Македонија, Србија и земјите-членки на ЕУ

Редакција

185 нови ковид-случаи, 99 во Скопје

Редакција