еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Петковски: Не треба да има предвремени парламентарни избори, Владата да продолжи со работа

Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево, пред средбата на коалициските партнери со премиерот во оставка Зоран Заев, изјави дека не треба да има предвремени парламентарни избори, туку дека актуелната Влада треба да продолжи со работа.

Како што рече Петковски, мора да се разграничи што се локални, а што парламентарни избори, ако сакаме да имаме демократска држава.

– Не може ако изгубите едни избори, да ги повторувате сите, порача Петковски.

На средбата, информира тој, се очекува да бидат договорени следните чекори, зашто „според Уставот е јасно како треба да се одвива работата по оставката што ја поднесе премиерот“.

– Прво, имавме парламентарни избори минатата година. Легитимитет за составување влада се добива на парламентарни избори. Победничката партија ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори освои 30 отсто од гласачите што излегоа на изборите, а СДСМ освои 25 проценти.

Од другата страна, гледате, коалицискиот партнер ДУИ на локалните ги повтори изборните резултати, исто како што ги имаше и на парламентарните избори. Ние мора да се навикнеме што се локални, а што се парламентарни избори ако сакаме да имаме демократска држава. Не може ако изгубите едни избори да ги повторувате сите, изјави Петковски пред средбата во Владата.

НСДП, дополни тој, останува дел од парламентарното мнозинство.

– Стоиме на поддршката на парламентарно мнозинство со учество во оваа Влада и сметаме дека таа треба да продолжи. Се случија локални избори, Македонија мислам дека доби. Друго прашање е кој како тоа ќе го толкува.

Завршија локалните избори и градоначалниците треба да си ги преземаат функциите, да се однесуваат одговорно и Владата да си продолжи.

На средбата сега, треба да има договор за тоа како понатаму ќе се движат работите за составот на Владата, бидејќи премиерот си поднесе оставка и според Уставот паѓа целата Влада.

Ние, коалициските партнери од парламентарното мнозинство, ќе разговараме за тоа како понатаму целокупната постапка ќе се одвива, бидејќи процедурата е јасна според Уставот како треба да се движи.

Прашање е сега како поблиску да се дојде или до кандидат, ако останува исто парламентарно мнозинство или во меѓувреме ќе настане некое прегрупирање можеби или ново парламентарно мнозинство. Се е можно, истакна Петковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состанок на Заев во Владата со лидерите на коалициските партнери

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настаните ги видовме како бескорисни, велат од Американската амбасада за посетата на Курти

Редакција

Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски

Редакција

(Галерија) Солун стана Мајами: еМагазин ексклузивно на снимањето на новиот филм на Антонио Бандерас

Редакција