еМагазин
Image default
Македонија

Петмина новозаболени од коронавирусот во Тиквешко

Пет нови случаи со коронавирусот се регистрирани во изминатите 24 часа во Тиквешко. Од нив, два се во Кавадарци, а три во Неготино.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА изјави дека станува збор за четири жени и еден маж, на возраст од 41 до 73 години.

Тие се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Тројца од новозаболените претходно имале контакт со позитивен случај на Ковид-19, а двајца кажале дека не знаат како се заразиле.

Се работи на утврдување на нивните контакти, со цел нивна изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири пациенти починаа од Ковид-19

Само Чаир, Гази Баба и Аеродром со по над 100 активни случаи на Ковид-19

Нови 78 случаи на Ковид-19 од 860 тестирања

МИА/Фото: општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДК: Замрзнат имот на Груевски од новооткриените 3.000 квадрати на Водно и два стана на Бихаќка

Редакција

(Видео) Полицаец брутално тепаше Ром при приведување

Редакција

Судењето за насилството пред Општина Центар почна од почеток

Редакција