Пратеничката група на СДСМ која беше со мандат во Собранието од 2002 до 2006 година се сретна после 13 години.
Професорката Каролина Ристова-Астеруд, која исто така беше пратеничка тој период, вели дека средбата се случила сосема спонтано. Некои недостасувале, но за жал некои од пратениците од тој мандат се и починати.
„По 13 години, прва собиранка на пратеничката група на СДСМ, мандат 2002-2006. Неколкумината отсутни ни недостасуваа, но ќе има друга прилика, да сме живи и здрави. Неколкумината заминати се се уште живи во нашите сеќавања и во нашите срца“, вели Ристова-Астеруд.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.