еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По апсењето за аферата „Рекет“: Ќе ја отклучи ли Боки 13 „Пандорината кутија“?

Можна ли е појава на нови бомби со „сочна“ содржина за високи функционери во власта и бизнисмени е прашање кое заслужува сериозно внимание ако се земат предвид неколку настани кои претходеа на апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец кои се осомничени во случајот „Рекет“ за наводна изнуда и перење пари.

Имено, Бојан Јовановски во интервју за 1ТВ дадено на 28 јуни, годинава порача дека сите оние што сакаат да го дискредитираат неговото име и да го врзуваат за некакви криминални дејствија не треба да заборават дека еден од клучевите од „Пандорината кутија“ е во неговите раце.

Ваквата порака следуваше по јавното обвинување од бизнисменот Зоран Азманов дека Бојан Јовановски сака да го рекетира користејќи ја 1ТВ.

Азманов вчера за „Фактор“ изјави дека се докажало дека се што зборувал е вистина.

„Рекетарството на Бојан Јовановски, викан Боки 13, кој ги злоупотребуваше врските со бившиот секретар на СДСМ, а воедно исто така беа злоупотребувани и други моќни фигури на власта како што директорот на финансова полиција, главната специјална обвинителка Катица Јанева, големиот директор за маркетинг – нејзиниот син кој вчера заврши факултет, а јас сето тоа го кажав пред шест месеци и истото денес се потврди, каде што во неговата телевизија се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од мои приватни разговори, меѓу другото најдени се и за многу други бизнисмени со што се потврдува и моето тврдење дека институциите на државата – СЈО и Финансова полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирање“, вели меѓу другото Азманов.

При тоа, никако не треба да се заборави дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева си поднесе оставка од функцијата и дека нејзиниот телефон беше запленет од страна на обвинителството.

Сега, останува да се види што ќе се докаже во истражната постапка против Боки 13 и Зоран – Кичеец, што има на снимените доказни материјали кои ги поседува обвинителството против двајцата осомничени и каков ќе биде епилогот односно дали овој случај ќе добие правна разврска.

Во меѓувреме, јавноста ќе биде во исчекување дали Боки 13 ќе го искористи клучот од „Пандорината кутија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Веста за апсењето на Боки 13 одекна во регионалните медиуми

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?

Фото:Фејсбук/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светско првенство во ракомет: Македонија изгуби од Словенија

Редакција

ТАВ Македонија потврди дека „easyJet“ влегува на македонскиот пазар со авиолинија од Женева до Скопје

Редакција

Затворен мостот од Железничка до Ист гејт, не се знае кога ќе биде отворен за сообраќај

Редакција