еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Почна расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Со задоцнување од 40 минути, започна расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Збор ќе земат известувачите за нацрт договорот, министри од владата, пратеници, а ќе заврши со гласање на сите пратеници.

За да се изгласа Протоколот за наше членство во НАТО, потребен е минимум 151 глас, а очекувањата во Грција се дека пратениците кои ја поддржаа ратификацијата на самиот договор, денеска ќе го поддржат и Протоколот.

Следните чекори по ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент ги објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, на брифингот со странските дописници во Атина, одговарајќи на прашањето кога новинарите во нивните текстови и официјално ќе треба да почнат да го користат новото име Северна Македонија.

-По гласањето на Протоколот, праќаме Вербална нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, а тие веднаш, можеби истиот ден, може следниот ги известуваат ОН и сите земји што ги имаат признато со претходното уставното име, дека новото уставно име е Северна Македонија. Во прашање се денови, рече Катругалос.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радош Вукиќевиќ не е повеќе генерален директор на Тиквеш

Редакција

Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка

Редакција

Почина 19-годишен ракометар на РК Аеродром

Редакција