еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По бурните реакции, Заев го прекина одморот и се појави во беровско Будинарци

По бурните реакции во јавноста дека Зоран Заев, за време на кризна состојба поради големите пожари низ Македонија, заминал на одмор, премиерот се појави во беровско Будинарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и дел од министрите до 12. август на одмор

Како што информираа од Владата тој заминал на одмор на 3 август, а требаше да одмора до 12 август. Остана мистерија каде одморал овие денови.

Тој се појави во Будинарци со министерот за здравство Венко Филипче и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Објави фотографии на Фејсбук и напиша:

„Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината.

Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.

Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Бугарија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев планира одмор на Јадранско море, Турција или Грција, а ќе има и викенд-дружба со Ципрас

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

428 санкции за неносење маска

Редакција

НАТО пресретнал најмалку три терористички напади кон Македонија, откри Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците

Редакција

Сектори со највисоки просечни нето плати во октомври

Редакција