еМагазин
Image default
Забава

По две години пауза, со предавање на клучот на Општина Струмица на Карневалот, започнува карневалската манифестација

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денес симболично ќе го предаде клучот од Општината на претставници од Организацијата на Струмичкиот карневал, охрабрувајќи ги да бидат добри домаќини на гостите и посетителите на Струмица во седмицата која претстои.

Со овој чин, овогодинешното, јубилејно издание на карневалот официјално ќе биде прогласено за отворено.

Во претстојните карневалски денови, Општината ќе биде домаќин на голем број туристи и посетители, а во Струмица ќе пристигнат и високи претставници и членови на Федерацијата на Европски карневалски градови.

„Драго ми е што по две години пауза, Струмица повторно ќе ги обедини љубителите на автентичните маски и паради на нашиот културен идентитет. Денес и официјално ќе го предадам „клучот“ од Општината на Карневалот и со овој потег пред сѐ, пожелувам уште едно успешно струмичко чудо кое ќе го збогати нашето секојдневие.

Воедно, ги охрабрувам организаторите, како добри домаќини да ги пречекаат нашите овогодинешни гости – еминентни претставници на Федерацијата на европски карневалски градови, кои на мое задоволство ги има во голем број,“ изјави Костадинов.

Со учество во карневалот, покрај домашните карневалисти, ќе се приклучат и познати карневалски групи од Балканот, меѓу кои и познатата афро-бразилска перкусиона група „Paranauê“ од Солун, Грција, кои повеќе од 20 години се дел од сите поголеми карневали во Грција, а настапувале и како предгрупа на светски познати ѕвезди, меѓу кои и Боб Дилан и Ману Чао.

Оваа година, карневалските празнувања ќе траат 8 дена, завршувајќи на 9. март, на празникот „Тримери“ со традиционалниот тримерски ручек и враќање на клучот од Општината.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5. март (сабота), додека карневалското дефиле ќе се одвива по скратена маршрута.

Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат повеќе активности, меѓу кои концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони”, детски карневал, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема – „карневал“.

Покрај редовните активности, во знак на јубилејот – 30 години организирано одржување на Струмичкиот Карневал, ќе се одржи и промоција на монографија.

Фото: Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со Тримерскиот ручек денеска заврши Струмичкиот карневал 2024

Редакција

(Видео) Раскошно деколте и прекрасни нозе: Како изгледа снимање фото-сесија со Лила Филиповска

Редакција

И Стинг стана вардарец, ЕХВ му се извини за одложувањето на концертот

Редакција