еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Околу 7.30 часот утрово во Солун пристигна товарниот воз на „Hellenic train“, кој синоќа тргна од Атина, со што по пауза од еден месец, поради несреќата кај Темпи, одново постепено почнаа да сообраќаат товарните возови на конкретната релација, објави грчката државна телевизија ЕРТ.

Станува збор за воз со околу 20 вагони, што според ЕРТ, пренесувал цевки, а планирано било да бидат доставени уште пред еден месец.

Според истите информации, сите процедури се вршат со мала брзина и со големо внимание, по несреќата кај Темпи на 28 февруари, во која животот го загубија 57 лица, а оттогаш железничкиот сообраќај во Грција не е целосно вратен во нормала.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека Петре Шилегов вежба хумор: Крави пасат „ѓубре“ на Водно

Редакција

(Фото) Богатство од вкусови во Diamond Mall – се отвора „Гурманската авенија“

Редакција

(ВИДЕО) Почна вакцинацијата против Ковид-19 на првите здравствени работници

Редакција