еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

По Украина и Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за членство во ЕУ

Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за пристапување во Европската унија, што претставува важен момент со кој се означува почеток на долгиот процес до полноправно членство.

Прашалниците ги добија од комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, јави ДПА.

Документот е „првиот чекор на вашиот европски пат“, му рече Вархеји на грузискиот министер за надворешни работи Илија Дарчијашвили на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Документот служи како основа за пристапните разговори во ЕУ за апликантите.

Молдавија и Грузија аплицираа за членство во Унијата откако Русија ја нападна Украина.

Украина, исто така, поднесе барање за членство поради руската инвазија. Во знак на солидарност, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен лично го достави прашалникот во Киев во петокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ЕУ ѝ ветува на Украина забрзано членство: Фон дер Лајен на Зеленски му врачи прашалник

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа двајца заболени од Ковид-19, вкупно до сега 606

Редакција

(Видео) Најдоброто од отварањето на карневалот во Рио де Женеиро: Секси танчерки ги преплавија улиците

Редакција

Решен проблемот во Слупчане, сите граѓани мора да плаќаат за потрошената струја, вели Бектеши

Редакција