еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина легендарната Бранка Станковска

Легендарната спикерка во Македонската радиотелевизија Бранка Станковска почина денеска на 90-годишна возраст.

Информацијата на Фејсбук ја соопшти нејзината внука Ирина Костовска.

“Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука.

Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука, па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и се уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите.

ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко“, напиша Костовска.

Станковска е родена во 1931 година во Скопје.

Во Македонската радиотелевизија работеше од 1948 до 1987 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски меѓу обвинетите за случајот со спортските ваучери, тој ги отфрла обвинувањата

Редакција

Од Државниот пазарен инспекторат апелираат на внимание при онлјан купување

Редакција

(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Тоше, „Secret Place“

Редакција