еМагазин
Image default
Забава

Почина легендарната Милена Дравиќ

На 79 години синоќа во Белград, почина легендарната српска и југословенска актерка Милена Дравиќ, пренесуваат српските медиуми.

Таа почина после долга и тешка болест, а информација за српски Блиц ја потврдиле во Здружението на драмски уметности на Србија.

Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа еден од најомилените глумечки парови на просторите на поранешна Југославија.

Тие речиси целиот свој работен и животен век го поминаа заедно.

Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Незаборавните улоги на легендарната Милена Дравиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Ој, Вардаре македонски“ во изведба на Марија Спасовска шеста нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

Со кревањето на фестивалското знаме започна „Макфест“

Редакција

Калиопи пред концертот во Скопје: „Ова ќе биде највеличенствениот концерт во мојата кариера”

Редакција