еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Почина легендарниот ТВ и радио водител Лери Кинг, откако беше хоспитализиран поради Ковид-19

На 87 годишна возраст, откако претходно беше хоспитализиран поради Ковид-19, почина легендарниот американски ТВ и радио водител, Лери Кинг.

Информација беше објавена преку официјално соопштение на неговиот Твитер профил.

„Со огромна тага, ‘Ора Медиа’ ја објавува веста за смртта на нашиот коосновач, водител и пријател Лери Кинг, кој утрово почина на 87-годишна возраст во Медицинскиот центар Цедарс-Синај во Лос Анџелес“, стои во соопштението.

Во својата 63-годишна кариера тој направи над 30 илјади интервјуа со најпознатите светски личности, од политичари до ѕвезди од шоу-бизнисот.

Фото: Твитер/Кинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Синиша Ивановски, новиот директор на Железници инфраструктура

Редакција

Нови 301 случаи на Ковид-19 од 1.431 тестирања, бројката на активни случаи достигна 20.802

Редакција

Министерството за правда вработува 22 лица, плата до 22.490 денари

Редакција