Мирјана Марковиќ, сопругата на некогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ починала во болница во Сочи, Русија, на 76-годишна возраст.
Таа престојуваше во Русија од 2010 година, откако доби азил, бидејќи беше во бегство од правосудните органи во Србија.
По неа беше распишана потерница во рамки на истрага за злоупотреба на доделувањето на државни станови.
Марковиќ беше и претседателка на партијата Југословенска левица (ЈУЛ).
Фото: Sputnik Srbija
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.