На 08.09.2020 во 20,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с.Теново, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(60) од с.Милетино удрило во Г.М.(61) од с.Радиовце, информира МВР.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје, каде им подлегнал на повредите.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.