еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 222

Министерство за здравство информира дека во изминатото деноноќие починаа шест нови лица, од корона вирусот, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се две лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.

На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни.

Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на починати до сега изнесува 222.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127

На Инфективната клиника за 24 часа примени 13 пациенти, на кислородна поддршка се 46 лица

Нови 156 случаи на Ковид-19, во Скопје 100

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За македонските граѓани најголема закана за Македонија е Бугарија, покажува „Еврометар 2022“

Редакција

Игор Јанушев избран за шеф на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Бугарија не се мешала во внатрешните работи на Македонија, Захариева само сакала да отвориме и бугарски културен центар

Редакција