Во последните 24 часа од Ковид-19 се починати 12 лица, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).
Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на починати е 2.522 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 526 лица кои боледувале од Ковид-19
Нови 46 случаи на Ковид-19 од 378 тестирања
Фото: Министерство за здравство
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.