еМагазин
Image default
Македонија

Почна скринингот во неколку основни училишта во Скопје, досега добиени 5.000 согласности од родители

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека почна скринингот во училиштата. Завршена е првата фаза за добивање и обработка на согласностите од родителите.

Според МЗ, голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

-Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник.

Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и  Здравствениот дом Скопје, информира МЗ.

Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Украина убиени 30 македонски државјани, кои се бореле на украинска страна

Редакција

Нови рочишта за „Тендери“, „Тарифа“ и раздвоената постапка за „Насилство во Центар“

Редакција

За 24 часа 2 нови случаи на Ковид-19 од 2.216 тестирања

Редакција