еМагазин
Image default
Македонија

Почнува јавната расправа во Апелацискиот суд за случајот „27 април“

Апелацискиот суд Скопје, од денеска до петок во големата сала на Врховен суд, ќе одржи јавна седница за случајот 27 април каде обвинети се поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков и 15 други лица.

Првостепената пресуда за овој предмет беше донесена во март минатата година и за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок“ 16 обвинети беа осудени на 211 години затвор.

Освен поранешниот директор на БЈБ, Чавков, меѓу осудените лица за наведеното кривично дело се и други припадници на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разунавање.

Судијката Добрила Кацарска, која го водеше овој случај во Кривичниот суд Скопје, при изрекување на пресудата рече дека Чавков и другите обвинити полициски службеници биле известени за се во однос на насилниот упад во Собранието, но не презеле ништо за да го спречат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски во Минхен се сретна со словенечкиот колега Пахор: Успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај

Редакција

Големи промени во Владата и ВМРО-ДПМНЕ најави Мицкоски

Редакција

Од понеделник лабораториски анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“

Редакција