еМагазин
Локално

Подмолно му ја украл пензијата од раце на скопјанец

На 03.09.2018 година во 12.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавил дека истиот ден во 11.15 часот на ул„Даме Груев“ непознато лице извршило тешка кражба над него, информира МВР. Додека ги броел парите од пензијата, кои претходно ги извадил од банка, му се доближило лицето и се претставило дека е вработен во банката.

Лицето побарало да му ги даде парите затоа што, наводно, благајничката погрешно му дала пари од трезорот и во тој момент од раката насилно му одзело 24.000 денари и побегнало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заканувајќи се со пиштол ограбиле обложувалница во Трубарево

Редакција

(ВИДЕО) На среде булевар во Скопје комбе остана без тркала

Редакција

Сите фактури кон приватните автобуски превозници се платени, тврди директорот на ЈСП

Редакција