еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат дизелот и мазутот

Цените на дизел горивото и на маслото за горење од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денари по литар, а мазутот поевтинува за 1,263 денари по килограм одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 88 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 83,5 денари, додека Мазутот М-1 НС ќе чини 41,783 денари за килограм.

Бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98, пак, и понатаму ќе се продаваат за 86,5, односно за 88,5 денари за литар.

ОД РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,789 отсто, кај дизелот за 4,373, кај екстра лесното за 4,239 и кај мазутот за 4,249 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,252 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Сите нови заменици министри

Редакција

Снимка од дрон: Има повеќе жртви во Бородјанка отколку во Буча, тврди Зеленски

Редакција

Најчевска: Фор де Лајен да отиде во бугарскиот Парламент и да го каже истото што го кажа во македонскиот

Редакција