еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Поголема од просечната нето плата: Синдикалната минимална кошница во јуни 34.212 денари

Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари.

Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, за јуни, како што соопшти Сојузот на синдикати (ССМ), на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.547,96 денари, на домување 10.800,18 денари, на хигиена 2.378,03 денари, на превоз 2.508,84 денари, на облека и обувки 2.176,2 денари, на култура 1.067,86 денари, а на одржување здравје 732,80 денари.

– Просечно исплатена нето плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, била 28.438 денари, наведуваат од Сојузот на синдикати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работниците да не потпишуваат бланко документи за отказ на договорите за работа, апел од Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот

Редакција

Народна банка: Инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек

Редакција

Корона кризата удира: Намален бројот на работниците во индустријата

Редакција