Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Л и С.Л полициски службеници во Надворешна канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ,,противправно лишување од слобода,, по член 140 став 4 вв став 1 и ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ на РМ, информира МВР.
Пријавените во својство на овластени службени лица со полициски овластувања ја злоупотребиле службената положба и овластување со пречекорување на границите на нивното службено овластување при што во центарот на Гевгелија без наредба од суд противправно лишиле од слобода две лица и ги однеле во Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија каде им била ограничена слободата на движење по што над лицата и возилото извршиле претрес и за превземените дејствија не изготвиле службени материјали за евидентирање на настанот.
Против полициските службеници поведена е и постапка за дисциплинска одговорност.