Станари од зграда во Тетово во полиција пријавале невообичаена појава снимена на безбедносните камери, при што се гледа сомнителен потег на човек кој ја прска влезната врата од објектот и бега со трчање.
Зградата е спроти спортскиот центар во Тетово на улицата „Борис Кидрич“.
– Ние сме зграда со 64 станови и околу 300 луѓе. Според камерите ова се случило во 19.30 часот, човекот прска со непозната супстанца и бега, кој знае со што и којзнае какви мотиви има.
Случајот е пријавен во полицијата. Направен е увид и дадени се снимките на полицијата за идентификување, вели Сашо Перовски, претседателот на куќниот совет.
Од СВР Тетово потврдија дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за идентификување на стпорителот.
Снимката од безбедносните камери се споделува на социјалните мрежи:
МИА