еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Полицијата приведе 97 ѕидари кои работеле на „црно“ и без регулиран престој во земјата на градилиштето на „Лимак“

Денеска во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за градежни работи Север при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) – МВР спроведе контрола на фирма од Република Турција помеѓу бул. „Кирил и Методиј“ и ул. „Јордан Мијалков“, поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија, информираат од МВР за еМагазин.

Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени.

Од МВР не откриваат за која странска компанија станува збор, а неофицијално станува збор за турската компанија „Лимак“, која во овој дел од Скопје гради мулифункционален комплекс со хотел, станбен простор, подземна железница…

Странските државјани биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени и против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледаат и колку чинат становите во „Diamond of Skopje“ на Лимак групацијата

(Галерија) Подземната сообраќајница која ја гради Лимак ќе ги има едни од најголемите потпорни ѕидови во Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО: Први фотографии од „Лимак Скопје Хотел“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: „Доколку Заев не поднесе оставка, ќе поднесеме иницијатива за недоверба на Владата или ќе одиме на брзи избори“

Редакција

Лидл Северна Македонија ја организира првата конференција за IFS сертификација за безбедност и квалитет на храна

Редакција

Винер – Виена Иншуренс Груп се присоедини кон Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

Редакција