Во текот на изминатото деноноќие (21/22.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.
„Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 113 прекршоци. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два фамилијарни кластери го зголемија бројот на заразени со корона вирусот во Скопје
Владата пред тешка одлука: Каква полза од празничен полициски час ако ИВЗ си тера по старо?