еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Попис: Каква казна ќе заработите ако одбиете да се попишете

Пописот во Македонија според неодамна донесениот Закон за попис, треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година, според состојбата на 31 март 2021 година, во 24:00 часот, што ќе се смета за критичен момент на пописот.

Но, освен што веќе на големо се оспорува резултат на истиот, иако се уште неспроведен, во Македонија преку политичарите се отвара и друга тема – апсетиненција за пописот, па истиот како и многу други прашања во земјава се исполитизира до максимум и покрај фактот што станува збор за статистичка операција.

Македонија нема спроведено попис од 2002 година, токму поради политичарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лицитации со бројот на Албанците: Пописот уште не спроведен, а веќе спорен

Па така, лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата Алфа рече дека според него, секој граѓанин има право на избор, и тие кои ќе одлучат да апстинираат, и тие кои ќе одлучат нормално да го отворат својот дом и да ги поканат внатре попишувачите кои ќе дојдат пред нивната врата.

„Тоа е избор на граѓаните“, рече Мицкоски.

Според лидерот на Левица, Димитар Апасиев пак Законот за попис во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на Македонија: „граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“!, напиша тој неодамна на Фејсбук.

„Значи, јас – по сила на Устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирусот“, напиша тој.

КАЗНА АКО ОДБИЕТЕ ДА ВЕ ПОПИШАТ

Но, дали работите се така црно-бели како што ги прикажуваат Мицкоски и Апасиев, кои да не заборавиме се политичари.

Во Законот за попис јасно стои што следи доколку некој граѓанин одбие да биде попишан. Тоа прашање е регулирано во член 51:

Член 51

Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице ако  одбие да ги даде податоците што се бараат од него за Пописот или ако даде неточни податоци (член 35 став (2) ).

Член 35

(2) Лицето опфатено со Пописот е должно на сите прашања во пописната апликација да даде точни и целосни одговори и да  презентира соодветен  документ од кој може да се преземат идентификациските податоци за лицето.

Во законот се предвидени и други казни:

“Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако како учесник во Пописот неовластено издаде податоци од Пописот на трето лице или ако во својство на државен инструктор, реонски инструктор и попишувач, односно член на Комисијата за пописен реон нема да постапи во согласност со упатствата и инструментите за спроведување на Пописот и овој закон.

Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години. Ако делото  го стори учесник во Пописот или друго службено лице при спроведувањето на Пописот, ќе се казни со казна затвор од најмалку пет години. За ова кривично дело постапката е итна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 1. јули ќе има субвенција за струјата

Редакција

Бруто-домашниот производ во третиот квартал пораснал за 2%

Редакција

(Фото) Лени Кревиц на специфичен начин и се заблагодари на скопската публика

Редакција