еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Поплавите во Германија досега однесоа 133 животи

Бројот на загинати во поплавите во Германија достигна 133  и со таа цифра, веќе има 160 жртви на природната катастрофа во области во Западна Европа.

Полицијата во западногерманската покраина Рајнска област-Пфалц утрово соопшти дека веќе има 90 загинати – 27 повеќе од вчера. Стотици луѓе во регионот се исчезнати, и според дел германски медиуми, таму може да има околу 600 жртви.

Во соседната провинција Северна Рајна-Вестфалија, досега е потврдена смртта на 43 лица.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе ги посети погодените области.

Најмалку 25 лица загинаа во поплавите во Белгија, според последните податоци.

Покрај Западна Германија и Белгија, од тешки поплави предизвикани од поројните дождови беа погодени и јужна Холандија, североисточна Франција, Луксембург и Швајцарија. На многу места, реките се излеаја од своите корита.

МИА/Фото: Unbelievable Events

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнуваат велигденските празнувања: Денес се слави одржувањето на Тајната вечера

Редакција

Училиште „Братство единство“ во Дебар сега е „Пенестија“, а „Здравко Чочковски“ се вика „28 ноември“, според денот на албанското знаме

Редакција

Самит Македонија2025: Дигитализацијата, регионалната соработка и вложувањето во иновации клучни за закрепнување на економијата

Редакција