еМагазин
Македонија

Поради болест на на обвинетиот Мартин Протуѓер, судењето за „Титаник“ одложено за 24 септември

Поради болест на обвинетиот Мартин Протуѓер судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 24 септември.

Адвокатот на Протуѓер, Дончо Наков, на судот достави лекарска документација и објасни дека обвинетиот ноќеска во два часот бил однесен на ургентен центар.

Обвинителката Лиле Стефановска, рече дека со лекарската потврда се докажува спреченоста на обвинетиот да присуствува на рочиштето, но таа е со важност од седум дена.

На денешното рочиште беа присутни сите останати обвинети.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се разработи „Криволак“: Војската на САД ќе гаѓа со „Блек хок“ хеликоптери, а потоа 2.000 војници во „Одлучен удар“

Редакција

Расправата за реконструкција на Владата продолжува во понеделник

Редакција

Не престануваат притисоците и заканите врз Македонците во Пустец за да се пишат како Бугари

Редакција