еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Поради негативни коментари, Град Скопје ја прекина кампањата во која наградуваше парично фотографии од седење дома

Град Скопје ја прекина кампањата во која наградуваше парично фотографии и видеа од седење дома, со 100 евра, секој ден.

“Изминативе денови Град Скопје организираше кампања #СкопјеДома на социјалните медиуми во поддршка на мерките на Министерството за здравство за повикување и охрабрување на граѓаните на главниот град да го поминуваат времето во своите домови.

Поради појавените негативни коментари и немањето потреба оваа кампања да предизвикува контроверзии во јавноста, решивме да ја укинеме паричната награда на конкурсот.

Оваа кампања беше планирана да трае 30 дена и да има вкупен награден фонд од 3.000 евра за да стимулира поголема вклученост на граѓаните во препораките во услови на вонредна состојба.

Слични вакви повици Градот организирал на полето на образованието, урбанизмот, културата, именувањето на улиците и сл. и тие секогаш наидувале на позитивен прием во јавноста.

Но, во овој случај не сакаме да долеваме масло на огнот и да придонесуваме во контроверзи во услови на вонредна состојба.

Сметаме дека на Скопјани не им е потребен единствено финансиски поттик за да меѓусебно се охрабруваат како креативно да го поминат времето дома. Затоа, оваа страница ќе остане отоворена и секој ден ќе избираме најдобра фотографија, но без никаква награда“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Скопјани масовно се одзваа: Видеа и фотографии од седење дома се наградуваат со 100 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жикол“ го доби тендерот на Министерството за транспорт за доградба на фекален систем во Ново Село вреден 710.000 евра

Редакција

Најсмртоносниот ден во Италија: За 24 часа починаа дури 627 лица

Редакција

Кремљ оцени дека преговорите со Киев се недоволно „суштински“, Зеленски е подготвен на компромис

Редакција