еМагазин
Image default
Македонија

Поради опструкции Собранието во моментов не може да избере уставни судии, вели Џафери

Се опструира работата на Комисијата за избори и именувања и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, на писмото од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, која побара Собранието да избере уставни судии.

– Собранието, согласно своите уставни надлежности е информирано за истекот на мандатот на уставните судии, односно Собранието, по предлог на Комисијата за избори и именувања избира уставни судии од редот на истакнати правници.

Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања (преку изигрување на процедура и примена на методи кои што претседателот на Собранието ги има елаборирано пред јавноста), предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд, се вели во соопштението од Кабинетот на Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставниот суд од средина на јануари со пет судии, Кацарска апелира да се изберат нови

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Призма“: Предводник на „Шверцери“ и пејач го советуваат вицепремиерот Груби

Редакција

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 26 мај

Редакција

Денеска почнува новото судење за масовното прислушување, Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа

Редакција