еМагазин
Image default
Македонија

Поради присуство на Ковид-19 кај дете и две воспитувачки, во изолација 35 дечиња од делчевската градинка

Триесет и пет дечиња од Делчево кои посетуваат градинка, заминуваат во изолација, откако кај две воспитувачки и едно од децата во градинката „Весели Цветови“ е утврдено присуство на вирусот Ковид-19.

Директорката на градинката Билјана Симовска информираше дека освен дечињата по насока на епидемиолог во изолација одат и четири негувателки и една воспитувачка.

-Една од негувателките кои одат во изолација е веќе тестирана и е негативна на вирусот, додека останатите три негувателки и една воспитувачка ќе се тестираат во вторник. Ова практично значи дека во изолација ќе бидат 3 воспитни групи со 35 дечиња од објектот бр.2 или централниот објект, информираше Симовска.

Во текот на вчерашниот ден од страна на вработен е извршена дезинфекција во целиот објект, а во текот на денешниот ден како што додаде, ќе се изврши дезинфекција и од страна на Центарот за јавно здравје Кочани.

-Од страна на градинката доследно се почитуваат протоколите дадени од Министерството за здравство како од страна на вработените, така и од страна на родителите и така и ќе продолжи установата. Во меѓувреме се преземаат сите мерки на безбедност и претпазливост, во координација со епидемиолог и санитарен инспектор, додаде Симовска.

Во објектот бр.1 или таканаречена горна градинка, директорката на ОЈУДГ „Весели Цветови“, додаде дека се’ се одвива во најдобар ред и групите работат.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компании донираа регулатори за боците за кислород на штипското Инфективно одделение

Редакција

Антикорупциска отвори четири постапки за премиерот Заев

Редакција

Видео обраќање на Заев до граѓаните за престојниот референдум: Ова не е избор меѓу две партии, туку избор за вашата иднина

Редакција