еМагазин
Image default
Македонија

Поради замена на апарат гласањето на едно избирачко место во Росоман ќе се продолжи за еден час и 50 минути

Се појавил проблем на едно избирачко место во Општина Росоман, во село Трстеник, не работел апаратот и бил заменет со нов. Таму гласањето ќе се продолжи за еден час и 50 минути. Ова го потврди за МИА, Ѓорѓи Крстевски, претседател на Општинска изборна комисија.

До девет часот, во Општината Росоман гласале 3,7 проценти од избирачите.

Во Росоман се бира меѓу тројца кандидати за градоначалник, како и за шест советнички листи. Во избирачкиот список има регистрирано 3.341 лице со право на глас. Се гласа на десет избирачки места.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг не успеа да го разубеди Мицкоски за договорот со Грција, ќе успеат ли Курц и Меркел

Редакција

Минатата недела 16 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од Скопје, 6

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ предлага предвремени избори во мај, непроменет ставот на партијата за уставните измени

Редакција